БРЕГЗИТ НЕ Е КРАЈ ТУКУ НОВ ПОЧЕТОК – БРИТАНИЈА НА ПОЛНОЌ ИЗЛЕГУВА ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    БРЕГЗИТ НЕ Е КРАЈ ТУКУ НОВ ПОЧЕТОК – БРИТАНИЈА НА ПОЛНОЌ ИЗЛЕГУВА ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈАПремиерот Џонсон ќе ѝ се обрати на нацијата во 23 часот за да го најави брегзит како вистинска обнова на земјата (Фото: ПА)

    Премиерот Борис Џонсон вечерва ќе прогласи почеток на нова ера додека Велика Британија се подготвува да ја напушти Европската Унија по 47 години.

    Тој ќе ѝ се обрати на нацијата во 23 часот, еден час пред официјалното излегување, за да го најави брегзит „не како крај, туку како нов почеток“. Џонсон ќе го опише раскинувањето на врските со Унијата како „момент на вистинска обнова и промена“.

    По полноќ нема многу работи да се променат за Велика Британија бидејќи таа ќе почне период на транзиција и до крајот на декември ќе остане дел од заедничкиот европски пазар и од царинската унија. Повеќето европски закони ќе останат на сила, вклучувајќи го и слободното движење на луѓето, по што Британија ќе склучи траен договор за слободна трговија со ЕУ.

    Оригинално, брегзит требаше да се спроведе на 29 март минатата година, но британските пратеници постојано го одбиваа договорот за повлекување што бившата премиерка Тереза Меј го постигна со Брисел. Џонсон успеа да добие поддршка за него дури откако освои мнозинство на вонредните парламентарни избори минатиот месец. Тоа стави крај на повеќе од три години политичка неизвесност, односно од референдумот во 2016 година, на кој 52% Британци гласаа за брегзит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира