Пријавувачот дека е поставена бомба во најголемиот трговски центар „Сити мол“ во скопската населба Карпош, кој го имислил настанот на 29 јануари за да се зафркава со шефот, ќе одговара само со парична или најмногу со затворска казна од три месеци. Така е пропишано во Кривичниот законик.
Обвинетиот лажен пријавувач е вработен во агенцијата што го обезбедува објектот. Момчето не само што испратило смс порака кај својот шеф дека наводно има поставена бомба, туку и учествувал во евакуацијата на вработените и купувачите во „Сити мол“.
Според обвинението, лажниот пријавувач П.Ц. (20) од Скопје ќе одговара по член 366 став 4, кој ја пропишува оваа преблага казна. Нема врска што цел трговски центар беше евакуиран и што единицата за антитероризам на МВР изгубила 5 часа пребарувајќи го секој агол, пропишаната казна е таа и нема повисока.
Истражител од МВР за неколку часа го открил лажниот пријавувач, по мобилната апликација од која му пратил порака на шефот.
С. К. ДЕЛЕВСКА