ОГРАБЕНА ЕКСПОЗИТУРАТА НА „ТТК БАНКА“ ВО ВЕЛЕС

    ОГРАБЕНА ЕКСПОЗИТУРАТА НА „ТТК БАНКА“ ВО ВЕЛЕССторителот носел заштитна маска против загаден воздух (Фото: СДК.МК)

    Утрово околу 9:40 часот е ограбена експозитурата на „ТТК банка“ во Велес.

    Банката се наоѓа во центарот на градот, на главната улица 8 септември, но тоа не му пречело на разбојникот да ја ограби и побегне. Според сведоци, тој носел заштитна маска против загаден воздух и имал пиштол во рацете. Откако им се заканил по живот на вработените во експозитурата ги одзел парите и побегнал.

    СВР Велес го потврди случајот и кажа дека е во потрага по сторителот. На излезите од градот полицијата врши контрола на автомобилите кои го напуштат Велес.

    Од банката информираат дека немало повредени во инцидентот и во моментов се утврдува колку пари се украдени.

    „Средствата на банката се претходно осигурани во надлежна осигурителна компанија во функција на елиминарање на секаков ризик од ваков вид настани“, соопшти банката.

    На 6 ноември беше ограбена филијала на Поштата кај Градскиот пазар во Велес, при што маскирано лице одзело 150.000 денари. Сторителот и натаму не е откриен.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира