СЕ ДОГОВОРИВ СО УНГАРЦИТЕ ДА МЕ ОТПОВИКААТ ОД КОНЗУЛ ЗА ДА НЕ МЕ ПОВРЗУВААТ СО ОДРЕДЕНИ ЛУЃЕ И ПАРТИЈА, ВЕЛИ ЈАНАКИЕВСКИ ОД „ЕКО КЛУБ“

    СЕ ДОГОВОРИВ СО УНГАРЦИТЕ ДА МЕ ОТПОВИКААТ ОД КОНЗУЛ ЗА ДА НЕ МЕ ПОВРЗУВААТ СО ОДРЕДЕНИ ЛУЃЕ И ПАРТИЈА, ВЕЛИ ЈАНАКИЕВСКИ ОД „ЕКО КЛУБ“Јанакиевски и неговата фирма „Еко клуб“ градоначалникот Петре Шилегов ги обвини дека несоосдветно третирале медицински отпад, а тој вели снимките не биле веродостојни. (Фото: СДК.МК)

    Во заеднички договор со унгарските власти сум отповикан од функцијата почесен конзул на Унгарија, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Сашо Јанакиевски, малцински сопственик на битолската фирма „Еко клуб“.

    Во Министерството за надворешни работи вчера добиле нота од унгарското МНР дека го отповикуваат почесниот конзул во Битола, назначен во септември 2012 година, а отповикувањето, според нотата, стапува во сила веднаш. Нотата била куса, без образложение.

    „Во заеднички договор со унгарското Министерството за надворешни работи решивме да се повлечам од функцијата почесен конзул, за да се оттргне од моето име политичката поврзаност со одредена партија и луѓе, во овој период“, вели Јанакиевски.

    Јанакиевски и неговата фирма „Еко клуб“ градоначалникот Петре Шилегов ги обвини дека несоодветно третирале медицински отпад и таков се носел на „Дрисла“, за што поднесе кривична пријава во Јавното обвинителство. Тој пак денеска изјави дека ништо од тоа што го кажа Шилегов не е точно, снимките не биле веродостојни и фирмата работела според сите прописи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира