МЕДИЦИНСКАТА ПОМОШ ОД ХОЛАНДИЈА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    МЕДИЦИНСКАТА ПОМОШ ОД ХОЛАНДИЈА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

    Холандската донација на медицинска помош на поплавените во вредност од 500.000 евра денеска пристигна во Скопје, соопштија од Амбасадата во Холандија во Македонија.

    Холандија, по барањето за помош испратено од македонската Влада во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, донесе одлука за донирање на контингент медицински материјали, кој се состои од 20 палети на опрема за прва помош и ќе биде дистрибуиран до здравствените установи во кои се лекуваат пациентите од регионите во Скопје, зафатени од поплавите.
    “Холандската Влада ја испрати помошта скоро веднаш по катастрофалните поплави, и таа пристигна во Македонија денес, на денот кога Обединетите нации го одбележуваат Светскиот ден на хуманитарноста, во чест на сите хуманитарни работници и волонтери Како долгогодишен пријател и поддржувач, Холандија ќе продолжи да обезбедува помош за Македонија и понатаму – изјави вршителот на должноста Амбасадор на Кралството Холандија, Андри ван Менс на конференцијата за печат која се одржа во Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје.
    Минатата недела холандскиот експерт Петер Глерум беше испратен во Македонија да го води тимот на ЕУ кој направи процена на хуманитарната ситуација по поплавите во кои загинаа 22 лица, а многумина останаа без своите домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира