Војник уби 20 луѓе и повреди десетици други во вооружен напад во тајландскиот град Након Рачасима.
Џакрапант Тома го убил својот надреден офицер, пред да украде оружје од касарна, соопшти портпаролот на тајландското министерство за одбрана. Осомничениот потоа отишол во центарот на градот и влегол во трговски центар, каде што сѐ уште е забаракадиран.
Осомничениот, чии мотиви остануваат нејасни, објави слики од неговиот напад на социјалните мрежи.