СТРУМИЧКИТЕ ЛОВЏИИ ПРОТЕСТИРААТ ДЕКА ВЛАСТА САКА ДА ИМ ГО ЗЕМЕ ДРУШТВОТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРУМИЧКИТЕ ЛОВЏИИ ПРОТЕСТИРААТ ДЕКА ВЛАСТА САКА ДА ИМ ГО ЗЕМЕ ДРУШТВОТО

    Членовите на Ловното друштво „Беласица“ велат дека власта им се одмаздува откако не беше избран за претседател кандидатот кој е висок член во ОК на ВМРО ДПМНЕ од Струмица.Тие се револтирани што УЈП им ги пломбираше просториите каде се собираа, дружеа и пиеја кафе и денеска излегоа на мирен протест. Тврдат дека ова е хајка против нивното друштво кое годинава слави јубилеј 70 години постоење бидејки луѓе на актуелната Влада не успеале да го превземат раководството.plomba-na-ld-belasica „Власта ја ангажираше сета машинерија за заплашување. Најпрво добивме кривична пријава од СВР Струмица за наводен криминал, потоа ни дојде инспекција од УЈП која ни го го чешлаше материјалното и финансиско работење, па дојде нова контрола од УЈП, па јавното обвинителство ни ја зеде сета документација од Централниот регистар, а  нѐ затворија за смешна работа. Во просториите на друштвото ловџиите секојдневно се собираат, разговараат, играат карти и пијат кафе и бидејки оставале по 10 денари, а не сме имале фискален апарат, добивме жолта лента“, рече Марјан Даскаловски претседател на Ловното друштво.
    Летово имаше изборно собрание на „Беласица“ каде во трка беа постоечкиот Марјан Даскаловски и Кире Михаилов, директор на Шумското стопанство „Беласица“. Првиот тврдеше дека бил легално избран, додека Михаилов го оспоруваше изборот и вели дека бил направен на нелигитимен начин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира