ВЛАДАТА ПОНИШТИ 89 РАСПОРЕДУВАЊА НА ЧУЛЕВ

    ВЛАДАТА ПОНИШТИ 89 РАСПОРЕДУВАЊА НА ЧУЛЕВНа синоќешната седница, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство. - Оливер Спасовски на синоќешната седница (Фото: Влада)

    Владата на синоќешната седница донесе одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донел техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година. Во владиното соопштение нема образложение за поништување на решенијата за распоредување на Чулев.

    На синоќешната седница, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието на Северна Македонија по скратена постапка. Предлог-законот веќе е пристигнат во Собранието, а по формалната проверка ќе биде доставен до пратениците, но засега не знае кога ќе биде закажана седница на која ќе треба да се гласа за законот.

    На седницата беше утврден и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој исто така на Собранието му се предлага да биде усвоен по скратена постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира