Собранието го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
За ратификацијата гласаа „за“ 114 пратеници. Немаше против и воздржани.
Ратификацијата на Протоколот е со одложено дејство односно ќе стапи на сила откако ќе биде ратификуван од шпанскиот Парламент. Шпанија е последната од 29 земји членки кои досега го немаат ратификувано Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
На свечената седница во Собранието говореа претседателот Стево Пендаровски и координаторите на политичките партии кои се дел од овој парламентарен состав.Беа присутни лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
А. АНТЕВСКА