Светот денеска го одбележува Светскиот ден на радиото.
Тој беше востановен од УНЕСКО пред осум години, со цел да се подигне свеста за значењето на овој медиум и да се засили поврзаноста помеѓу радиодифузерите и слушателите. Оваа година, празникот го става акцентот на различноста и на мултијазичноста.
„Радиото нуди прекрасна можност за изразување на различноста во сите свои формати и јазици и тоа му испраќа важна порака на светот. Додека се обидуваме да постигнеме одржливи развојни цели и се бориме против климатските промени, радиото треба да одигра клучна улога како извор на информации и инспирација“, се вели во пораката на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутиереш.
13 февруари беше избран за Светски ден на радиото бидејќи на тој датум во 1946 година со работа почна радиото на Обединетите нации.