Националните установи се должни да ги објават нивните поддржани проекти на своите официјални интернет-страници согласно Законот за култура, вели Министерството за култура откако доцна синоќа ги објави резулатите од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година. Во објавените резулти ги нема националните институции од сите дејности на културата, како музеите, театарите, Филхармонијата, Националната опера и балет (НОБ
- МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЈА ОБЈАВИ ГОДИШНАТА ПРОГРАМА БЕЗ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
- СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ И ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ ГОДИНАВА ЌЕ ДОБИЈАТ ПОДДРШКА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ ЗА ПРОЕКТИ ОД ДРЖАВЕН ИНТЕРЕС
„Согласно Законот, националните установи се должни на својата веб-страница или во други средства за јавно информирање да ги објават проектите кои ќе ги реализираат во тековната година, односно со Законот не е утврдена обврската Министерството за култура да ги објави проектите за националните установи. Годинава, во одлучувањето во делот на програмата за националните установи со комисиите во Министерството за култура работеа и директорите на установите, кои согласно буџетите одлучија заеднички со комисиите кои проекти се приоритетни за нив и ќе бидат поддржани. Поголем дел од решенијата за националните установи беа готови и беа врачени до 31 декември 2019, а нешто помал број на почетокот на јануари“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на министерот за култура Хусни Исмаили.
Оттаму додаваат дека и годинава на транспарентен начин ги објавле резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области.
На нашето прашање зошто годинава доцни објавувањето на Програмата, бидејќи изминативе години се објавуваше во јануари или почетокот на февруари, од Министерсвото велат дека согласно Законот за култура, министерот за култура одлучува по предлог на стручни комисии за проектите по Годишните конкурски со решение кое содржи податоци за избор на проекти и за одобрени проекти.
„Согласно Законот, резултатите се објавуваат на веб-страницата на Министерството за култура и при тоа не е утврден рок во кој истото се врши“, вели Министерството.
Вкупниот буџет за Годишната програма на проекти од национален интерес во културата е 980.100.000 денари.
На конкурсот пристигнале повеќе од 4.000 апликации доставени од физички лица, установи од областа на културата (локални или приватни), единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани за вршење дејности од областа на културата.
Претседатели на комисиите кои ги разгледувале пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Бертон Сулејмани, за драмска дејност – Ирена Стеријовска, за фолклор и сценско-уметничка дејност – Арлинда Калиси, за музичка и музичко-сценска дејност – Јане Бакевски, за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Трајче Блажевски, за интердисциплинарни проекти – Артан Исмајли, за меѓународна дејност – Џемил Бектович, за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Миле Велчовски, за музејска дејност – Фаница Велјановска и за библиотечна дејност – Авзи Мустафа.
Б. НЕСТОРОСКА