ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПЕНДАРОВСКИ ДА НЕ ГО ПОТПИШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПЕНДАРОВСКИ ДА НЕ ГО ПОТПИШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВОПратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да присуствуваат на седниците на кои ќе се гласаат Законот за одбрана и Законот за Совет на јавни обвинители и ќе учествуваат само на седницата за распуштање на Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, бидејќи бил донесен спротивно на Деловникот за работа и законите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да присуствуваат на седниците на кои ќе се гласаат Законот за одбрана и Законот за Совет на јавни обвинители.

    „Законот за заштита на криминалите на Заев не беше изгласан. За него гласаа 73 пратеници, но откако не им се допадна резултатот повторно беше ставен на гласање, што е спротивно на Деловникот. Ова ли се европските вредности за кои се бори Заев?“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

    Тој рече дека ќе бидат во Собранието и ќе учествуваат само на седницата за распуштање на Собранието.

    Собранието со 80 гласови „за“ попладнево го донесе Законот за Јавно обвинителство. Законот беше изгласан по второто гласање, откако првото гласање во кое гласаа 74 пратеници претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи, бидејќи на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира