САМКА ИБРАИМОВСКИ ВИКНАТ ВО СЈО ДА СВЕДОЧИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ КАЈ РОМИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    САМКА ИБРАИМОВСКИ ВИКНАТ ВО СЈО ДА СВЕДОЧИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ КАЈ РОМИТЕ

    Самка Ибраимовски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека во понеделник е викнат да даде исказ во СЈО, во врска со истражната постапка за изборни измами и за дело дискриминација и омаловажување на етничка заедница. Овие дела произлегоа од аудио снимките за изборни измами во ромски средини, од  таканаречените бомби – прислушуваните разговори што лани  ги објави опозицијата.

    Во Специјалното јавно обвинителство одбија да ја потврдат информацијата што ни ја даде лидерот на ПЦЕР со образложение дека во предистражна постапка нема да објавуваат имиња на лица повикани на распит.

    „Ќе го повикам СЈО да ги земе списоците само од 2011 навака и да види колку манипулации се правеле на сите избори со гласовите на Ромите“, ни изјави Ибраимовски.

    Во бомбите за изборните измами, меѓу другото, имаше разговор на Миле Јанакиески со соговорник за предизборно делење социјална помош кај Ромите, а и разговори на Гордана Јанкулоска со Славе Гошев и со Васил Пишев во Струмица, каде што вели: „За уши Циган по Циган ќе ги влечеме“. Има и разговор на Јанкулоска со Мартин Протоѓер каде што му предлага „за некоја паричка“ да му наместат на Самка Ибраимовски нешто за да го сликаат „да си имаме за секој случај“.

    Ибраимовски потсетува и на местенка со делење месо во Шуто Оризари.

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во понеделникот соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните постапки.

    „Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, соопшти Јанева.

    Во средата на распит во СЈО се појавија и Тони Јакимовски, поранешен шеф на Кабинетот на директорот на УБК и Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи како осомничени во предметот „Тврдина“. И двајцата побараа увид во доказите со кои располагаат специјалните обвинители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира