БЕСПЛАТНИ ЕКСКУРЗИИ, ОБРАЗОВАНИЕ И БУГАРСКИ ПАСОШИ ИМ СЕ НУДАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ВЕЛИ АЛБАНСКИОТ ПРАТЕНИК СТЕРЈОВСКИ 

    БЕСПЛАТНИ ЕКСКУРЗИИ, ОБРАЗОВАНИЕ И БУГАРСКИ ПАСОШИ ИМ СЕ НУДАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ВЕЛИ АЛБАНСКИОТ ПРАТЕНИК СТЕРЈОВСКИ Со давањето бугарски пасоши Бугарија сака да прикаже дека тука има Бугари, фиктивно да извади бугарско малцинство. Албанските власти не сакаат да се мешаат во овој случај. Сметаат дека ова е проблем меѓу Бугарија и Македонија и не е нивна битка“, рече Стерјовски (првиот од десно) на Регионалната семакедонска конференција во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Нема млад човек во регионите на Гора и Голо Брдо во Албанија, каде живее македонско малцинство, кој не бил на бесплатна еднонеделна екскурзија во Бугарија, тврди Васил Стерјовски, пратеник од Македонската алијанса за европска интеграција во албанското Собрание. Тој на денешната Регионална семакедонска конференција одржана во Битола, рече дека македонското малцинство во Албанија е под притисок на бугарската пропаганда за на престојниот попис годинава да го прикаже како бугарско малцинство.

    „Ја искористуваат сиромаштијата на Македонците во Албанија и континуирано прават сѐ и сешто за да прикажат бугарско малцинство. На последниот попис не ислезе дека има бугарско малцинство зашто Македонците живеат во компактни области на граница со Македонија. Но, едни од мерките кои последните години активно ги прават се бесплатни екскурзии на младите од нашите региони во Бугарија. Нудат и бесплатно обрзование во средно училиште, факултет, постдиполомски дури и докторски студии за да ги привлечат младите таму “, рече Стерјовски.

    Тој смета дека голем притисок се врши и со издавњање на бугарски пасоши на Македонците од Албанија.

    „Сите албански граѓани, вклучително и Македонците, последните години се заинтересирани за бугарски пасош како можност за да емигрираат во западноевропските држави и тоа е еден демографски проблем за нас како Македонци, зашто селата се испразнија. Кој усепал да дојде до бугарски пасош веќе следната недела е во Англија или Германија. Со давањето бугарски пасоши Бугарија сака да прикаже дека тука има Бугари, фиктивно да извади бугарско малцинство. Албанските власти не сакаат да се мешаат во овој случај. Сметаат дека ова е проблем меѓу Бугарија и Македонија и не е нивна битка“, рече Стерјовски.

    Тој побара поддршка од македонските власти и институции преку соработка со албанските да издејствуваат поголеми инвестиции во краевите каде што живеат Македонци во Албанија, а и да се спречи притисокот врз нив од туѓите пропаганди.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира