ЏО БАЈДЕН ОСВОИ ДЕВЕТ ДРЖАВИ НА СУПЕРВТОРНИК И НАПРАВИ КАМБЕК ВО ТРКАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ЏО БАЈДЕН ОСВОИ ДЕВЕТ ДРЖАВИ НА СУПЕРВТОРНИК И НАПРАВИ КАМБЕК ВО ТРКАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛЏо Бајден славеше во девет сојузни држави, вклучувајќи го и Тексас (Фото: АП)

    Џо Бајден направи значаен камбек во изборната кампања за демократски кандидат за претседател на САД откако победи во девет од 14-те сојузни држави на таканаречениот Супервторник.

    Бившиот потпретседател на САД славеше во Тексас, Масачусетс, Минесота, Оклахома, Арканзас, Алабама, Тенеси, Северна Каролина и Вирџинија, но неговиот најголем конкурент Берни Сандерс ја однесе највредната награда на денот, победувајќи во Калифорнија, како и во три други сојузни држави.

    Бајден и Сандерс сега се најсериозените кандидати да го предизвикаат Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.

    Бившиот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг не победи во ниедна сојузна држава, иако во својата кампања вложи половина милијарда долари.

    „Пред само неколку дена некои зборуваа дека оваа кампања е мртва. Ние сме уште како живи. Бидете сигурни, оваа кампања ќе го избрка Доналд Трамп од Белата куќа“, изјави Бајден.

    Изборните резултати покажуваат дека Бајден го привлекол мнозинството на афроамериканските гласачи, а одлично поминал и во предградијата, каде што владее големо незадоволство од Трамп.

    Супервторникот носи повеќе од 1.300 од потребните 1.991 делегат за да се добие номинација за претседател.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира