БОКИ 13 ПРЕДЛОЖИ ДОКАЗИ ЗА ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА ОД НАСЛЕДСТВО ОД БАБА МУ, ДЕДО МУ И ПОЗАЈМИЦА ОД ФУДБАЛЕРОТ СТЕВИЦА РИСТИЌ, НЕМА ФИСКАЛНИ ОД СКАПИТЕ ЛЕКОВИ ШТО НАВОДНО ГИ КУПИЛ ЗА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ

    БОКИ 13 ПРЕДЛОЖИ ДОКАЗИ ЗА ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА ОД НАСЛЕДСТВО ОД БАБА МУ, ДЕДО МУ И ПОЗАЈМИЦА ОД ФУДБАЛЕРОТ СТЕВИЦА РИСТИЌ, НЕМА ФИСКАЛНИ ОД СКАПИТЕ ЛЕКОВИ ШТО НАВОДНО ГИ КУПИЛ ЗА МАРИНА ТУЦАКОВИЌДоказната постапка продолжува в четврток, а веќе во петок почнува сослушувањето на второобвинетата Катица Јанева. - Првообвинетиот Бојан Јовановски (Фото: К. Попов)

    По сведочењето на Александар Радуловиќ, сопруг на српската текстопистка Марина Туцаковиќ, дека му давал илјадници евра на Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот во „Рекет“ Боки 13 преку неговиот бранител презентираше материјални докази.

    Меѓу доказите, Боки приложи изјава од Туцаковиќ дека му дала пари заверена пред нотар во Белград, потоа доказ за добиени 50.000 евра од продаден имот на бабата на Боки, Евгенија Лазаревска, па решение за денационализација за обесштетување на дедото Љубомир Лазаревски во износ од 19 милиони денари, како и извештај од болницата на пријавувачот Орце Камчев, од кој, според адвокатот, се гледа датумот на прием и датумот на испис оттаму, зашто за тој период додека бил в болницата, сведок тврди дека Боки им барал пари на Камчеви.

    Во прилог одбраната поднесува и доказ за позајмица од 125.000 евра, од поранешниот фудбалер Стевица Ристиќ.

    Адвокатот најави дека со фотографии ќе докаже оти најголемиот дел од запленетата гардероба Јовановски ја купил во 2013 година и потоа, до 2019 година.

    Меѓу доказите, нема фискални сметки за купените цитостатици од 150.000 евра за Туцаковиќ, за кои нејзиниот сопруг денес во сведочење кажа дека му ги дал во готовина на Боки, непосредно пред заминувањето во Милано во февруари 2019 година.

    Доказната постапка продолжува в четврток, а веќе во петок почнува сослушувањето на второобвинетата Катица Јанева.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира