Тројцата членови на семејството на сопружниците од Дебар се позитивни на коронавирус, објави Министерството за здравство. Вкупниот број на заразени од КОВИД-19 во нашата земја стигна на седум.
Од Министерството велат дека се тестирани уште пет лица, но нивните тестови се негативни.
„Позитивните пациенти, од 7 март, беа во домашна изолација со решение за Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје“, велат од Министерството.
На коронавирус се негативни лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар. Тие беа тестирани денеска.
Б. НЕСТОРОСКА