ЗАТВОРЕНИ БОЛНИЧКОТО КОЖНО ОДДЕЛЕНИЕ И АМБУЛАНТАТА ВО ШТИП ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ЗАТВОРЕНИ БОЛНИЧКОТО КОЖНО ОДДЕЛЕНИЕ И АМБУЛАНТАТА ВО ШТИП ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ Влезната врата на кожното одделение при Клиничката болница во Штип е со катанци на врата, а не работи ниту амбулантата во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. (Фото: СДК.МК)

    Кожното одделение при Клиничката болница во Штип од вчера е со катанци на врата, затоа што минатата недела доктори од одделението присуствувале на дерматалошкиот симпозиум во Скопје каде учествувала и директорката на Клиниката за кожни болести болна од коронавирус. И штипските доктори од вчера се во домашен карантин. На домашно лекување се пуштени и хоспитализираните пациенти.

    Од истите причини, под клуч е и кожната амбуланта во Здравствениот дом во Штип. Најавено е дека поради отсуството на петте доктори дерматалози, кожното одделение и амбулантата нема да работат во наредните две недели. Во меѓувреме ќе се дознаат и резултатите дали некој од штипските дерматалози е позитивен на тестот за коронавирус.

    Дерматалог врши прегледи само во единствената штипска приватна ординација за кожни болести.  Специјалистот по дерматалогија д-р Мите Николов вели дека тој не присуствувал на собирот . Од денеска, неговата ординација бележи зголемување бројот на пациентите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира