Скопскиот филмски фестивал наместо во април, своето 23. издание ќе го одржи од 9 до 17 септември 2020, соопшти организаторот. Исто така, се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“ која требаше да почне на 18 март, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотеката.
Одложувањерто, велат од СФФ, е во согласност со препораките од Министерството за здравство и Владата, за откажување на сите масовни настани и несобирање на публика до 24 март, како превентивна мерка во борбата со коронавирусот.
Изминативе две недели, бројни филмски фестивали ги одложија годинашните изданија, како оние во Солун, Софија, Прага. Биеналето на архитектура во Венеција наместо во мај, ќе се отвори во август.
Б. НЕСТОРОСКА