Докторка онколог од канадскиот град Хамилтон била позитивна на тестот за коронавирус откако се вратила од патување во Хаваи, САД, но пред да се тестира била во контакт со пациенти и медицински персонал.
32-годишната докторка се вратила во Канада во саботата и во понеделникот отишла на работа. Пред да се тестира имала контакт со 14 пациенти болни од рак, како и со петмина нејзини колеги, од кои еден во меѓувреме ја напуштил државата. Заразена докторка се тестирала откако ѝ се појавиле првични симптоми во понеделникот, а утредента добила потврда дека тестот е позитивен. Оттогаш е во самоизолација.
Нејзиниот сопруг, кој е хирург во друга болница, исто така е во самоизолација.
„Кога почнала да покажува симптоми, протоколот за контрола на зараза беше веднаш инициран и таа беше тестирана во безбедна околина. Таа сега е во самоизолација“, соопштија од болницата во Хамилтон.