ОПШТИНА ТЕТОВО ЌЕ ГО НАМАЛИ АДМИНИСТРАТИВНИОТ ПЕРСОНАЛ КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ЌЕ ГО НАМАЛИ АДМИНИСТРАТИВНИОТ ПЕРСОНАЛ КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТДенеска ќе се почне со дезинфекција и дератизација на јавни места и објекти на територијата на Општина Тетово (Фото: СДК.МК)

    Во Општина Тетово се одржа првиот состанок на персоналот за превенција и итни случаи, на кој се донесоа конкретни мерки за справување со коронавирусот. По разгледувањето на моменталната состојба со ширењето на вирусот во земјата, беа донесени неколку заклучоци и препораки.

    В петок ќе се почне со дезинфекција и дератизација на јавни места и објекти на територијата на Општина Тетово. Општината ќе го минимизира административен персонал и ќе ги ослободи од работа ранливите категории, како лицата со хронични респираторни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и малигни заболувања и сите со слаб имунолошки систем. Се започнува со дезинфекција на сите градинки, дневни центри за деца и основни и средни училишта на територијата на Општина Тетово.

    Во препораките што ги дава телото за превенција се апелира до граѓаните да одржуваат лична хигиена и да избегнуваат престој во затворени простории како што се кафулиња, спортски сали, трговски центри и слично и се препорачува да се намали непотребната циркулација на граѓаните најмалку во наредните 14 дена. На лицата со висока температура им се советува да се јават на телефонскиот број на ЦЈЗ Тетово – 075 240 464, а граѓаните се охрабруваат да пријавуваат случаи на лица за кои имаат информации дека патувале или се вратиле од земји со висок ризик, за што на располагање им стојат телефонските броеви 195 и 112 и Центарот за управување со кризи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира