И ШПАНИЈА ОДИ ВО КАРАНТИН ОТКАКО БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ ПОРАСНА ЗА 1.500

    И ШПАНИЈА ОДИ ВО КАРАНТИН ОТКАКО БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ ПОРАСНА ЗА 1.500Во Шпанија досега има 136 починати од коронавирусот (Фото: Ројтерс)

    Шпанија станува ново европско жариште на коронавирусот, откако во земјата се регистрирани 1.500 новозаразени, со што вкупната бројка порасна на повеќе од 5.700.

    Шпанија е најтешко погодена држава во Европа после Италија, каде што има повеќе од 15.000 случаи. Владата планира да прогласи карантин во рамките на вонредната состојба во земјата.

    Властите денеска објавија дека 136 луѓе починале од КОВИД-19 и премиерот Педро Санчес најави донесување низа итни мерки за справување со кризата. Тоа ќе биде само вторпат од падот на диктаторскиот режим на Франко во 1975 година во Шпанија да се прогласува вонредна состојба, а првиот случај беше во 2010 поради штрајкот на контролорите на лет.

    Ограничувања на локално ниво се веќе на сила. Во Мадрид и околината се затворени повеќето барови, ресторани и продавници, исто како и во регионите Галиција и Каталонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира