Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со коронавирусот кажа дека во државата има 120 респиратори, а потоа им се заблагодари на приватните болници кои на располагање ставија близу 70 интензивни легла со респираторни машини.
„Имаше коментари околу респираторните машини. Би сакал да кажам дека во државата има околу 120, а најголемиот број, близу 90, во Скопје“, кажа Филипче.
Министерот за здравство рече дека целиот медицински персонал од јавните здравствени установи, но и од приватни се мобилизира и се става на располагање доколку е потребно да работат во здравствена установа кај што е потребно.
Филипче изрази благодарност до приватните болници кои, како што кажа тој, уште минатата недела своите капацитети ги ставиле на располагање, вклучително и околу 70 интензивни легла со респираторни машини со оваа патологија.