МИЦКОСКИ ПОБАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

    МИЦКОСКИ ПОБАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕМицкоски преку статус на својот фејсбук профил побара денеска да се одржи лидерска средба на партиите кај претседателот Стево Пендаровски, за да се договори одложување на изборите. (Фото: К.Попов)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара да се одложат предвремените парламентрани избори поради коронавирусот. Мицкоски преку статус на својот фејсбук профил побара денеска да се одржи лидерска средба на партиите кај претседателот Стево Пендаровски, за да се договори одложување на изборите.

    „Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со коронавирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира