ПЕНДАРОВСКИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ГИ ВИКНА НА КОНСУЛТАЦИЈА ШКАРИЌ, СИЛЈАНОВСКА, ДЕСКОСКА, ПРЕШОВА И КАРАКАМИШЕВА

    ПЕНДАРОВСКИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ГИ ВИКНА НА КОНСУЛТАЦИЈА ШКАРИЌ, СИЛЈАНОВСКА, ДЕСКОСКА, ПРЕШОВА И КАРАКАМИШЕВАНа денешната лидерска средба партиите настапија со консензус кај Пендаровски за да се одложат изборите закажани на 12 април и побараа од него да консултира експерти по право и уставно право. (Фото: Кабинет на Претседателот)

    Неколку часа по лидерската средба на која сите партии побараа експерти да го советуваат претседателот Стево Пендаровски правно како да се изведе одлагањето на изборите закажани за 12 април 2020 година, кај шефот на државата дојдоа професорите Светомир Шкариќ, Рената Дескоска, Гордана Силјановска, Денис Прешова, Тања Каракамишева, Јетон Шасивари и Александар Спасов.

    Шефот на државата преку соопштение ја информираше јавноста дека биле разгледани повеќе можни решенија за одложување на изборите, што произлегуваат од Уставот и оти консултациите ќе продолжат следните денови. На средбата биле и Талат Џафери и Оливер Спасовски.

    Парламентарните партии настапија со консензус денеска кај Пендаровски за одлагање на изборите поради пандемијата на коронавирус. Лидерот на СДСМ Зоран Заев побара да се прогласи вонредна состојба, а на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кризна, зашто вонредната не е регулирана со закон.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира