АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ ЌЕ ЗАСЕДАВА СЕКОЈ ДЕН ДОДЕКА НЕ ГО ИЗБЕРЕ ПЕТТИОТ ЧЛЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АД ХОК ТЕЛОТО ЗА МЕДИУМИ ЌЕ ЗАСЕДАВА СЕКОЈ ДЕН ДОДЕКА НЕ ГО ИЗБЕРЕ ПЕТТИОТ ЧЛЕН

    Привремената комисија за следење на медиумското преставување за изборите ќе се среќава секој ден во 12 часот сѐ додека не најде заедничко решение за петтиот член, кој треба да биде Албанец. Четворицата членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, вчера немаа договор и покрај двете средби.

    Од предложените кандидати, во најтесен круг влегле Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.

    Членовите велат дека стојат на услуга на политичките фактори ако изнајдат решение за излез од блокадата. Тоа значи дека партиите треба да се договорат за еден од веќе предложените кандидати, или пак да дадат ново име.

    На 31 август треба да се одржи лидерска средба на 4-те партии потписнички на договорот од Пржино, за да се утврди дали се исполнети условите за предвремени избори на 11 декември. Формирањето на ад хок тело за следење на медиумите беше еден од условите за избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира