Нема нови заблени со коронавирус во земјава до овој момент, соопшти Министерството за здравство. Доцна синоќа, во рамките на поширокиот скрининг на жители на Дебар и околината, биле направени тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.
Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата, велат од министерството.
„Во текот на денот, епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје. Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна самоизолација“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче.
Б. НЕСТОРОСКА