Шпанските власти објавија дека во последните 24 часа во земјата починале 209 луѓе од коронавирусот, што е нов црн рекорд во еден ден. Вкупната бројка починати со тоа порасна за цели 30%, на 767.
Министерството за здравство соопшти дека во земјата досега се регистрирани 17.147 заразени, што е за 3.431 повеќе во однос на вчера.
Шпанија пред неколку дена воведе национален карантин и им забрани на луѓето да излегуваат од дома, освен за одење на работа и купување храна и лекови.
„Сите хотели во земјата ќе биде затворени од 24 март и до тогаш сите гости мора да ги напуштат“, објави шпанската влада.
Мадрид останува најпогодена област, со 5.637 заразени и 390 починати.