ШПАНИЈА СТАНА ЧЕТВРТА ЗЕМЈА СО НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 235 ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ

    ШПАНИЈА СТАНА ЧЕТВРТА ЗЕМЈА СО НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 235 ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕШпанија набргу ќе ја надмине и бројката од 20.000 заразени (Фото: АП)

    Шпанија стана четврта земја на светот со над 1.000 починати од коронавирусот, по Италија, Кина и Иран.

    Шпанските власти објавија дека досега починале 1.002 луѓе, а има и 19.980 заразени, од кои над 1.100 се на интензивна нега. Во последните 24 часа починале 235 луѓе, што е нов рекорд во еден ден.

    „Овие бројки многу веројатно ја потценуваат реалноста“, изјави директорот на Координативниот центар за борба против коронавирусот, Фернандо Симон.

    Од Шпанска банка предупредија дека економијата ќе претрпи досега невиден шок поради сегашната ситуација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира