ФРАНЦУСКИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАБРАНАТА ЗА БУРКИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Франција,(Разниизвори)

    ФРАНЦУСКИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАБРАНАТА ЗА БУРКИНИ

    Францускиот највисок административен суд ја суспендираше забраната за носење буркини на јавните плажи, воведена во неколку градови. Во пресудата стои дека забраната „сериозно и јасно незаконски ги крши фундаменталните права за слобода за движење, слободата на вера и индивидуалните слободи“.

    Највисокиот административен суд наречен Државен совет ја објави пресудата, која доаѓа по барањето на Лигата за човекови права да се отфрли забраната на југот на Франција, која, според нив, претставува кршење на граѓанските слободи.

    Забраната прво беше воведена во градот Вилнев-Лубе, а судската одлука со која таа се укинува може да значи преседан за 30-на градови кои исто така забранија буркини, главно на француската Ривиера.

    Најмалку тројца градоначалници рекоа дека сепак ќе ја задржат забраната во нивните градови. Судот подоцна ќе реши дали таа забрана е законска, но оваа пресуда значи дека ќе се укинат забраните за буркини.

    Амнести интеренешенал ја поздрави судската одлка и рече дека таа „исцртала линија во песокот“.

    „Француските власти сега мора да се откажат од претензиите дека со вакви забрани се помага за заштита на женските права. Забраните со ништо не ја зголемуваат јавната безбедност, туку го зголемуваат јавното понижување “, рече Амнести.

    Во 2010, Франција стана првата европска земја која забрани целосно јавно покривање на лицето. ВО 2014, со закон се забрани носење религиозни симболи и амблеми во школите и колеџите. Уставот од 1905 стреми кон одвоеност на црквата од државата. Со уставот е  втемелен секуларизмот во образованието, но ја гарантира и слободата на вероисповест и слободтата да се практикува вера. Оригиналниот текст на Уставот не спомнува ништо за облеката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира