ОД ДЕНЕС 5.300 ВРАБОТЕНИ ВО „ДРЕКСЕЛМАЈЕР МАКЕДОНИЈА“ СЕ НА КОЛЕКТИВЕН ПЛАТЕН ОДМОР ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ОД ДЕНЕС 5.300 ВРАБОТЕНИ ВО „ДРЕКСЕЛМАЈЕР МАКЕДОНИЈА“ СЕ НА КОЛЕКТИВЕН ПЛАТЕН ОДМОР ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТТочниот почеток на производство и работа е во зависност од состојба со коронавирусот, но и развојот на настаните во автомобилската индустрија во светот, велат од компанијата која е еден од најголемите работодавачи во земјава. (Фото: Дрекслмајер)

    Од денес па во следените две седмици, 5.300 вработени во „Дрекслмајер Македонија“ ќе бидат на времен платен одмор, соопшти раководството на германската компанија која работи во земјава, а произведува делови за автомобилската индустрија.  Таа  е еден од најголемите работодавачи во земјава. Точниот почеток на производство и работа е во зависност од состојба со коронавирусот, но и развојот на настаните во автомобилската индустрија во светот, велат од компанијата.

    „Поради состојбата со коронавирусот, вработените во ‘Дрекслмајер’ од денес па во следните две недели се на колективен платен одмор. Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување  на машини и слично.  Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти“, велат во писмениот одговор од раководството на компанијата  чие седиште е во Кавадарци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира