Новак Ѓоковиќ призна дека се борел со приватни проблеми кога беше елиминиран на Вимблдон во третото коло по изненадувачкиот пораз од Сем Квери. Во пресрет на последниот гренд слем годинава, „Ју-Ес Опен“, српскиот тенисер кажа дека доаѓа на турнирот во САД со повреда на зглобот на раката, но рече и дека имал проблеми во приватниот живот, без да открива детали.
„Јас сум во позиција, како и сите други, како и сите вас. Сите ние имаме приватни проблеми и работи во животот кои носат тешки предизвици“, кажа Ѓоковиќ по ждрепката за „Ју-Ес Опен“, на која за противник во првото коло го доби полскиот тенисер Јиржи Јанович.
„Има работи во животот кои мораме да ги надминеме за да еволуираме како човечки битија. Вимблдон беше таков период за мене. Тоа се случи баш тогаш. Се справив со тоа и животот продолжува како и се друго“.
Светскиот рекет број еден е во трка со времето да биде максимално подготвен за гренд слемот во Њујорк (29 август-11 септември), откако го повреди зглобот на раката за време на неуспешниот настап на тенискиот турнир на Олимпијадата во Рио.
„Зголобот на раката не ми е во идеална состајба изминативе три и пол недели“, потврди Ѓоковиќ.
ЗАГУБИВ НА ВИМБЛДОН ПОРАДИ „ПРИВАТНИ ПРОБЛЕМИ“, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ ПРЕД „ЈУ-ЕС ОПЕН“
a:1:{s:9:"td_source";s:37:"Њујорк,(ДејлиМирор)