КРЕМАТОРИУМОТ ВО ПЈАЧЕНЦА ПРЕД ОТКАЖУВАЊЕ, СЕКОЈ ДЕН СТИГНУВААТ ПО 20-25 КОВЧЕЗИ

    КРЕМАТОРИУМОТ ВО ПЈАЧЕНЦА ПРЕД ОТКАЖУВАЊЕ, СЕКОЈ ДЕН СТИГНУВААТ ПО 20-25 КОВЧЕЗИДо вчера, во Пјаченца имаше 314 починати од КОВИД-19 (Фото: Анса)

    Крематориумот во италијанскиот град Пјаченца би можел да откаже поради преоптовареност со работа, додека во Италија, особено во северниот дел, секој ден има стотици мртви од коронавирусот.

    Весникот „Либерта“ објави дека стотина ковчези стојат во објектот, чекајќи на ред за кремирање. До вчера, во Пјаченца имаше 314 починати од КОВИД-19.

    Печката на крематориумот има максимален капацитет од 12-13 кремирања на ден, додека дневно пристигнувале 20-25 нови ковчези.

    „Ако не нѐ олеснат, како што побаравме, ризикуваме печката да откаже. Во прв момент им помагавме на Бергамо и Бреша и добивавме лешеви и оттаму, но веќе не сме способни за тоа. Стравуваме дека ситуацијата нема да се подобри и ако се ограничиме само на жителите на Пјаченца“, изјавија управителите на крематориумот.

    Пјаченца е град со нешто повеќе од 100.000 жители во италијанскиот регион Емилија Романа, во северна Италија. Во регионот живеат и околу 10.000 иселеници од Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира