769 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ШПАНИЈА, НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ДОСЕГА

    769 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ШПАНИЈА, НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ДОСЕГАШпанија се ближи кон бројката од 5.000 мртви (Фото: Ел Паис)

    Шпанија го имаше најсмртоносниот ден од појавата на коронавирусот откако во последните 24 часа починале 769 луѓе. Ова е значителен пораст во однос на вчера, кога имаше 655 мртви.

    Вкупната бројка починати од КОВИД-19 во земјата се искачи на 4.858 и само во Италија има повеќе.

    Во Шпанија има и 7.871 новозаразен, со што вкупната бројка стигна до 64.059. Досега се излекувани речиси 10.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира