НОВИ 18 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ВО ДЕБАР НЕМА НОВ СЛУЧАЈ

    НОВИ 18 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ВО ДЕБАР НЕМА НОВ СЛУЧАЈВкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, од кои три лица се излечени, а три починаа.(Фото: К. Попов)

    Осумнаесет нови случаи со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. По градови новите случаи се од  Скопје – 11, Прилеп – 4, Куманово – 2, Тетово – 1.

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, од кои три лица се излечени, а три починаа.

    Во Дебар, кој на 13 март беше ставен во целосна изолација поради тоа што беше прво жариште на вирусот, денеска не е регистриран нов случај.

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:  Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2),  Тетово (2) и Гостивар (1).

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира