ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС БЕГАЛЕ ОД КОНТРОЛИ И СО ВОЗИЛОТО СЕ ЗАБИЛЕ ВО БЕТОНСКИ ЅИД ВО РАДОВИШ

    ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС БЕГАЛЕ ОД КОНТРОЛИ И СО ВОЗИЛОТО СЕ ЗАБИЛЕ ВО БЕТОНСКИ ЅИД ВО РАДОВИШОсвен за овие две лица, радовишкото обвинителство бара казни од по 500 евра за двајца радовишани кои за време на полициски час со возила се движеле по градот и кон населбата Раклиш. - Центарот на Радовиш (Фото: СДК.МК)

    Двајца радовишани бегале од контроли за време на полицискиот час и се забиле во бетонски ѕид по што полицијата ги пронашла во својот дом во Ораовица, соопшти Јавното обвинителство кое предлага до судот двете лица да бидат казнети со по илјада евра оти не се придржувале кон забраната за движење. Двете лица на 24 март после 21 часот не застанале при првата контрола од полициски службеници кај викенд населбата на планината Плачковица по што се упатиле по регионалниот пат кон Радовиш. Не застанале ниту на полициската контрола кај Шипковица, ниту пак на полициските службеници кај Раклиш.

    „Потоа со возилото удриле во бетонски ѕид кај ГП Техника и без да застанат продолжиле да се движат по регионалниот пат кон Ораовица каде во 00:30 часот од страна на полициски службеници биле пронајдени во нивниот дом. За стореното кривично дело, обвинителството предложи на судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 1000 евра“ стои во информацијата на Јавното обвинителство

    Освен за овие две лица, радовишкото обвинителство бара казни од по 500 евра за двајца радовишани кои за време на полициски час со возила се движеле по градот и кон населбата Раклиш.

    При синоќешниот полициски час во Радовиш полицијата регистрираше седум лица кои не ја почитувале забраната за движење.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира