ПОЧИНАА ДВАЈЦА МАЖИ ОД КУМАНОВО И ДЕБАР, УШТЕ 44 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

    ПОЧИНАА ДВАЈЦА МАЖИ ОД КУМАНОВО И ДЕБАР, УШТЕ 44 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСПогребна служба го изнесува ковчегот на еден од починатите во Инфективната клиника во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Двајца мажи починаа од коронавирус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар, соопшти Министерството за здравство.

    Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност (прекумерна дебелина), додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

    Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово – 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола – 3, Струга – 2, Штип – 1 и Прилеп – 1.

    Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице, од кои 9 починати и 12 излечени. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    • Скопје – 176
    • Дебар – 47
    • Куманово – 47
    • Штип – 15
    • Тетово – 8
    • Прилеп – 10
    • Струга – 7
    • Велес – 6
    • Битола – 4
    • Охрид – 3
    • Кавадарци – 2
    • Гостивар – 1
    • Крива Паланка – 1
    • Струмица – 1
    • Гевгелија – 1

    Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие, 262 се направени преку Институт за јавно здравје,  26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку болницата Жан Митрев. Досега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира