РЕКОРДНИ 6,6 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    РЕКОРДНИ 6,6 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛАСе проценува дека стапката на невработеност во САД би можела да достигне 15% (Фото: АП)

    Повеќе од 6,6 милиони Американци останала без работа за една недела, додека економијата на САД плаќа висока цена на пандемијата на коронавирусот. Ова е двојно повеќе во споредба со претходната недела, што исто така беше рекорд за земјата.

    Во последните две недели, вкупно 10 милиони Американци побарале бенефиции за невработеност.

    Продлабочувањето на економската криза во земјата уследи откако бројот на заразени порасна на 216.000, додека над 5.000 луѓе починале.

    Аналитичарите на Бенк оф Америка предупредуваат дека САД би можеле да се соочат со најголема рецесија во својата историја, а стапката на невработеност би можела да достигне 15%.

    Ова се мрачни прогнози за најголемата светска економија, каде што стапката на невработеност се движеше околу 3%. Сепак, повеќе од 80% Американци живеат во услови на карантин, што доведе до затворање на голем број бизниси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира