ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ОПШТИНА КУМАНОВО ПРЕКУ ВИКЕНД И ОД 16 ДО 5 ЧАСОТ ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК

    ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ОПШТИНА КУМАНОВО ПРЕКУ ВИКЕНД И ОД 16 ДО 5 ЧАСОТ ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОККако што соопшти претходно Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на коронавирус во Куманово, меѓу нив и медицински лица. (архивска фотографија)

    Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник, соопштија од Владата на Фејсбук.

    Во работните денови, од понеделник до петок, забраната ќе важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

    За земјоделски активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

    Како што соопшти претходно Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на коронавирус во Куманово, меѓу нив и медицински лица. Вкупно, во Куманово има регистрирано 85 заразени со КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира