ПРЕМИЕРОТ БОРИС ЏОНСОН ПРИМЕН В БОЛНИЦА СО СИМПТОМИ ЗА КОРОНАВИРУС

    ПРЕМИЕРОТ БОРИС ЏОНСОН ПРИМЕН В БОЛНИЦА СО СИМПТОМИ ЗА КОРОНАВИРУСБританскиот премиер е примен во болница во Лондон со долготрајни симптоми меѓу кои и температура, како мерка за предострожност по совет на неговиот лекар, и се очекува да биде задржан во текот на ноќта. (Фото: Би-Би-Си)

    Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва е примен в болница за тестирање, 10 дена откако беше позитивен на тестот за коронавирус, објави владата. Примен е во болница во Лондон со долготрајни симптоми меѓу кои и температура, како мерка за предострожност по совет на неговиот лекар, и се очекува да биде задржан во текот на ноќта.

    Џонсон работеше од дома, откако на 27 март беше објавено дека е позитивен на тестот за коронавирус. Последен пат се појави во јавност во четвртокот вечерта кога од својот стан им аплаудраше на здравствените работници, а во петокот претседаваше со владина седница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира