САД ДОНИРААТ 1,1 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА

    САД ДОНИРААТ 1,1 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈАВо изминатите 20 години, велат од Американската амбасада, САД инвестираше речиси 11,5 милиони долари само во здравството и над 738 милиони долари во вкупна помош за Северна Македонија. - Американската амбасадорка Кејт Брнз (Фото: СДК.МК)

    Американската влада одвои 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на епидемијата на КОВИД-19 во Северна Македонија, соопшти Амбасадата на САД во Скопје. Преку УСАИД, САД ги обезбедува овие пари за СЗО и УНИЦЕФ да имплементираат активности за поддршка на напорите на земјата да одговори на КОВИД-19.

    УСАИД се координира со македонската влада, меѓународните хуманитарни фактори и други чинители да ги идентификува приоритетните области за инвестиција.

    „Во овој период на неизвесност, работењето заедно е поважно од кога било. Јас сум убедена дека поддршката обезбедена со овој пакет за помош ќе има значителен придонес во борбата на Северна Македонија против КОВИД-19“, вели амбасадорката Кејт Брнз.

    Со оваа помош, американската влада ќе поддржи: зајакнување на лабораториите за масовно тестирање, надгледување и брз одговор за наоѓање случаи на заразени и следење на нивните контакти, едукација на луѓето за чекорите што можат да ги направат за превенција на ширење на вирусот преку специфични медиумски кампањи, менаџирање на случаите преку зајакнување на болничката грижа и намалување на ризикот на пренесување на заразата на други и превенција на инфекција во здравствените установи.

    Во изминатите 20 години, велат од Американската амбасада, САД инвестираше речиси 11,5 милиони долари само во здравството и над 738 милиони долари во вкупна помош за Северна Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира