ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ БЕСПЛАТНО

    ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ БЕСПЛАТНОЛекувањето на граѓаните без здравствено осигурување ќе биде на товар на Фондот за здравствено осигурување. - Инфективната клиника во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница донесе уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која лекувањето на граѓаните без здравствено осигурување ќе биде на товар на Фондот за здравствено осигурување.

    „Во рамки на 36-тата седница, денеска, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Оваа Уредба за лекување од КОВИД-19 на товар на Фондот, се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ“, се вели во владиното соопштение.

    Исто така денеска, Владата донесе одлука да го ограничи извозот на заштитни маски, наложувајќи им на производителите во секој момент во магацините да располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира