Британскиот премиер Борис Џонсон, кој од синоќа е во болница поради коронавирус, вечерва е преместен на оддел за интензивна нега, соопштија од неговиот кабинет.
„Од недела вечер, премиерот е под грижа на доктори во болницата ‘Сеинт Томас’ во Лондон каде што беше примен со симптоми на коронавирус. Попладнево, состојбата на премиерот се влоши и тој беше преместен на одделот за интензивна нега во болницата. Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Раб да го заменува каде што е потребно“, кажа портпаролот на Џонсон.
55-годишниот Џонсон беше позитивен на тестот за коронавирус пред 10 дена.