Дозволи за движење за време на полицискиот час ќе добијат и граѓаните кои се грижат за стари, болни и немоќни лица. Членовите на семејството или лицето кои се грижи за овие лица, ќе треба да поднесат барање за добивање дозвола до Министерството за информатичко општество и администрација, на електронската адресата [email protected] .
„Покрај личните податоци на барателот на дозволата односно име и презиме и матичен број, треба да се приложи и медицинска потврда што ја докажува здравствената состојба за лицата за кои тие се грижат. Дозволата граѓаните ќе ја добијат исто така електронски односно на нивната и-мејл адреса“, кажа на денешната прес-конференција министерот Дамјан Манчевски.
Досега за движење за време на полицискиот час се издадени 27.000 дозволи.
А. АНТЕВСКА