НАЈДЕНА МРТВА ДОМА 79-ГОДИШНА ВЕЛЕШАНКА КОЈА ЖИВЕЕЛА САМА, НЕМА ТРАГИ НА НАСИЛСТВО

    НАЈДЕНА МРТВА ДОМА 79-ГОДИШНА ВЕЛЕШАНКА КОЈА ЖИВЕЕЛА САМА, НЕМА ТРАГИ НА НАСИЛСТВОПоштарот ја нашол почината жената, која живееела сама во месноста Рамина, вчера претпладне кога дошол да ѝ врачи социјална помош. (Фото: СДК.МК)

    Најдена е мртва дома 79-годишна велешанка која живеела сама во месноста Рамина. Поштарот ја нашол почината Рајна Донева вчера околу 10,30 часот кога дошол да ѝ врачи социјална помош. Смртта ја констатирал доктор од брзата помош, потврди СВР Велес, а од Обвинителството во Велес кажаа дека кај жената не се пронајдени траги на насилство и нема да се врши обдукција.

    „На барање на полициските службеници коишто вршеле увид во домот на жената, побарана е асистенција од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Велес. На местото на настанот дежурен лекар изврши преглед и констатираше смрт“, изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Итната служба.

    Соседите на Донева велат дека таа имала син, кој многу ретко доаѓал кај неа и го немале видено подолго време. Ова е трет смртен случај во Велес за три дена на лица кои живееле сами. Во понеделникот беа најдени мајка и син кои соседите не ги беа виделе со месеци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира