Велика Британија сега е ново жариште на коронавирусот во Европа откако во последните 24 часа починале 881 лице, а вкупно 7.978 досега. Министерот за надворешни работи Доминик Раб кажа дека владата засега не размислува за олеснување на рестриктивните мерки.
„Не смееме да му дадеме втора шанса на коронавирусот да убива луѓе. Знам дека е тешко, но ова е тимски напор“, изјави Раб.
Премиерот Борис Џонсон трета ноќ по ред ја помина на интензивна нега, но Раб вели дека неговата состојба се движи во позитивна насока.
Во Италија повторно има пораст на бројот на починати и новозаразени.
Во еден ден починале 610 луѓе, 68 повеќе во споредба со вчера, додека вкупната бројка сега изнесува 18.279. Северниот регион Ломбардија ја надмина бројката од 10.000 починати.
Регистрирани се и 4.204 нови случаи на зараза.