Кафана во Старата битолска чаршија работела среде бел ден и била полна со гости за време на вонредната состојба поради коронавирусот, па Државниот пазарен инспекторат заедно со полицијата ја затвориле. Инспекцијата досега затворила 15 угостителски објекти и 74 кафемати во Битола, поради прекршувања за време на вонреднaта состојба.
„На сите оние угостителски објекти на кои им е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, им се доставуваат платни налози за глоба, доколку глобата не ја платат до определен рок се упатуваат на суд. Изречени казни сѐ уште нема, но во зависност од тоа дали ќе ги платат глобите во рок од 8 дена или ќе одат на суд тоа е право на самите субејкти“, рече Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.
Ж. ЗДРАВКОВСКА