РЕТКАТА ПТИЦА ГОЛЕМ НУРКАЧ ПО МНОГУ ГОДИНИ СЕ ПОЈАВИ НА ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

    РЕТКАТА ПТИЦА ГОЛЕМ НУРКАЧ ПО МНОГУ ГОДИНИ СЕ ПОЈАВИ НА ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕПоради намаленото присуство на луѓе во овој период, животните послободно шетаат низ Охрид (Фото: Охрид СОС)

    По многу години, на охридското пристаниште се појави ретка врста птица голем нуркач,  која е дел од живиот свет на Охридското Езеро.

    „Намаленото присуство на луѓе во овој период доведе до тоа да се забележат и некои досега ‘невидливи‘ животински врсти. На охридското пристаниште деновиве е забележан и птицата голем нуркач, фатена од камерата на наш член. Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а, пак, други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови и зелени површини. Во недостиг на градска бучава, се слуша пеењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме”, велат од Охрид СОС.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира