НЕ КРИЈТЕ ГИ КОНТАКТИТЕ СО ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, АПЕЛИРААТ ДО ПАЦИЕНТИТЕ ЛЕКАРИТЕ ОД ВЕЛЕС

    НЕ КРИЈТЕ ГИ КОНТАКТИТЕ СО ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, АПЕЛИРААТ ДО ПАЦИЕНТИТЕ ЛЕКАРИТЕ ОД ВЕЛЕСВо Велес досега регистрирани се 30 случаи на КОВИД-19, а вчера беа регистрирани и првите двајца зболени здравствените работници, еден од Итната помош и еден од Инфективното одделение. (Фото: СДК.МК)

    Има сограѓани пациенти кои се неодговорни и не ги даваат неопходно потребни информации за контакти ос заболени од коронавирусот, реагираше градоначалникот на на Општина Велес Велес Аце Коцевски, во името на здравствените работници од градот. Тој на прес-конференција ја пренесе пораката од здравствените работници од јавниот и од приватниот сектор, кои бараат пациентите да не ја сокриваат вистината.

    Во Велес досега регистрирани се 30 случаи на КОВИД-19, а вчера беа регистрирани и првите двајца зболени здравствените работници, еден од Итната помош и еден од Инфективното одделение.

    „Имам реакција од докторите, кои се жалат дека не ги добиваат сите неопходно потребни информации од пациентите дека тие имале контакти со лица инфицирани од коронавирусот. Има сограѓани кои се неодговорни, и затоа апелирам да ја зборуваат вистината. Така си помагаат себеси, на своето семејство но и на здравстените работници, да не се случи да нема кој да нè лечи. Им оддавам јавно признание на сите здравствени работници, за сè што прават и работат во овие услови . Тие ни се многу важни и го ризикуваат сопствениот и животот на нивните семејства и затоа им е потебна максимална поддршка. Имаме работа со сериозен, невидлив противник“, рече Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира