СЈО ГИ ОТФРЛИ ЖАЛБИТЕ ЗА „ШПИОН“, НО ПОБАРА НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНИТЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:499:"Шокза18-теминаосуденивослучајот„Шпион“најавнатаседницавоАпелациониотсудСкопје2,отизастапникотнаобвинениетоодСЈО,обвинителкатаЕлизабетаЈосифовскагиотфрлинајголемиотделоднаводитевожалбитенаосуденитеипобараевентуалнонамалувањенаказните";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ГИ ОТФРЛИ ЖАЛБИТЕ ЗА „ШПИОН“, НО ПОБАРА НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНИТЕ

    Шок за 18-темина осудени во случајот „Шпион“ на јавната седница во Апелациониот суд Скопје 2, на вториот ден од нејзиното одржување, оти застапникот на обвинението од СЈО, обвинителката Елизабета Јосифовска ги отфрли најголемиот дел од наводите во жалбите на осудените и побара евентуално намалување на казните.

    Седницата уште трае.

    Јавната седница за случајот „Шпион“, по поднесените жалби на 18-темина осудени за шпионажа, злосторничко здружување и уцена, продолжи денеска со повеќечасовно излагање на аргументите на одбраната на осудените. Тие во детаљи гиобјаснија своите жалби по првостепената пресуда на Кривичниот суд.

    Ова е прв случај каде осудени лица спас гледаат во тој што го застапува обвинението, а тоа е Специјалното јавно обвинителство. Застапник на обвинението, откако СЈО ја презеде надлежноста, е обвинителката Елизабета Јосифовска. Таа веќе два дена на седницата доаѓа со колешката од СЈО Ленче Ристоска.

    Обвинетиот Благоја Цветановски, кој е осуден на три и пол години казна затвор, три години е во притвор.

    “Дали мене не ме опфаќа Европската конвенција за човекови права бидејќи три години сум во притвор за казна од три и пол години? Додека сум во притвор, почина мајка ми, а моето здравје е целосно нарушено“, рече тој.

    Осудениот Миќо Насковски, пак, изрази надеж дека доказите што ќе ги понуди Специјалното јавно обвинителство ќе ја откријат вистината, а тоа, според него, е дека ова не е кривично-правен настан, туку кривично-политички настан.

    Поранешниот генерал Горан Стојков, кој е осуден на 9-годишна казна затвор, рече дека си ги знае непријателите кои не знаеле како да се решат од него, па му наместиле судски процес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира